| четврток, 6 декември 2018 |

Трпески: Новата влада треба да реши 15 илјади барања за легализација на дивоградби

Новата Влада ќе треба да го реши прашањето кое остана отворено за околу 15.000 барања за легализација, за кои не беа изготвени геодетски елаборати во зкаонскиот рок што истече на 31 декември минатата година, изјави денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Трпески смета дека треба да се измени Законот за третман на бесправно изградени објекти.

– Остана отворено прашањето кое оваа Влада треба да го реши за геодетските елаборати поради рокот што не беше доволен навреме да се изработат геодетските елаборати за барањата коишто беа поднесени заклучно со 4 септември 2011 година. Тој рок истече на 31 декември 2016 година и според проценките кои ги направивме заедно со Комората на овластени геодети за околу 15.000 барања останаа недозавршени геодетските елаборати и се наоѓаат во еден вакум простор. Ова прашање секако мора да се реши за граѓаните и компаниите да може да го искористат своето право за легализација – рече Трпески.

Тој информира дека над 180 илјади објекти во Македонија се легализирани и впишани во Катастарот на недвижности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top