Директорот на Агенцијата за Катастар на недвижности Славче Трпески учествуваше на конференцијата на агенции за земјишна политика на Светската Банка одржана во Вашингтон, каде пред 1.700 учесници ги претстави реформите во македонскиот Катастар.
– Главна преокупација во следните три години ќе биде формирањето на адресниот регистар, масовната проценка на недвижностите и воведувањето на 3Д катастарот во Македонија. Околу еден милион објекти во Македонија со масовната проценка ќе бидат регистрирани и ќе биде проценета нивната вредност. Во однос на масовната проценка на недвижностите во рамките на конференцијата овде во Светската Банка остваривме добра соработка. Имавме можност да се состанеме со Ричард Гровер, експерт од универзитетот Оксфорд од Лондон кој важи за еден од најдобрите теоритичари за масовната проценка. Го искористивме неговото влијание и остваривме соработка со локалната самоуправа во Арлингтон во Вирџинија, каде можевме да видиме како колегите од американската администрација прават масовна проценка. Навистина бевме пријатно изненадени како колегите во рамки на една година прават ре-проценка на недвижностите во Америка-изјави Трпески за Македонската Телевизија.
За време на конференцијата, македонските претставници се сретнале со колеги од соодветните институции од Британија, Холандија и повеќе африкански држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Светска банка вели дека гастербајтерите праќаат сè помалку кеш во Македонија – еве зошто
-
После галопирачкиот раст на економијата претходните години, Македонија лани немала никаков раст