| четврток, 6 декември 2018 |

Трпески: Пазарот на недвижности во Македонија е стабилен

Пад на цената на становите има во скопската општина Центар каде што во вториот квартал од 2015 година просечната цена за еден квадратен метар изнесувала 62.643 денари, додека во првиот квартал од годинава изнесува 57.502 денари, напротив, пак, во општина Аеродром најниската цена во овој период е забележана во март 2015 година, по што следува стабилизирање на нивото од претходните квартали од 51.595 денари, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупи, што го презентираше дирекоторт на Катастарот Славче Трпески.

Трпески потенцира дека пазарот на недвижности во Македонија е стабилен. Бројот на трансакции за продажба и закуп расте, а цената на становите е стабилна и таа се движи во рамки на маргините од плус минус 3.000 денари. Нема понуда на огромен број станови што би довело до драстичен пад на цената на квадратот.

За другите градови пораст е забележан на цените на становите во Битола, а пад во Тетово.

Според евиденцијата на Катастарот, заклучно со првиот квартал од 2016 година на пазарот на недвижности има 2.564 новоизградени непродадени станови, а во изградба според листовите за предбележење на градба има 5.107 станови. Може да се заклучи, истакна Трпески, дека понудата на станови на пазарот на недвижности ја надминува побарувачката на новоизградени станови

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top