| четврток, 6 декември 2018 |

Турција стационира трупи во Катар

Турција одлучи да стационира трупи во Катар поради одржување на безбедноста откако сојузници на Доха, прекинаа врски со таа држава.

– Цел на поставувањето трупи е да се одржува безбедноста и стабилноста во Заливот, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу по состанокот со бахреинскиот колега Шеик Калид бин Ахмед ал-Калиф.

Според западни медиуми, лидерите сакаат да ја прекинат кризата пред  крајот на Рамазан, околу 25 јуни.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе ги поддржи Катар и ќе задржи добри односи со другите заливски држави, а засега не ја критикуваше директно Саудиска Арабија. Во понеделникот Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет ги прекинаа сите врски со Катар обвинувајќи ја државата дека поддржува тероризам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top