| четврток, 6 декември 2018 |

И нобеловецот Орхан Памук им се придружи на демонстрантите во Истанбул

Турскиот писател и нобеловец Орхан Памук им се придружи на демонстрантите на плоштадот „Таксим“ во Истанбул. „Менувањето на ликот на плоштадот Таксим без за тоа да се прашаат луѓето е најголемата грешка на администрацијата на Ердоган“, пишува Памук во текстот што го објави во списанието „Њујоркер“.
– Во Истанбул живеам шеесетина години и не можам ниту да замислам дека постои жител на овој град што нема барем еден спомен поврзан со плоштадот „Таксим“. Кога годинава власта ја забрани прославата на Денот на трудот на плоштадот и кога се поставија бараките, на сите во градот им беше јасно дека тоа ќе заврши со шопинг-центар на единствената зелена површина во центарот на Истанбул. Да се направи толку значајна промена на плоштадот и на паркот, што милиони жители ги носат во својата меморија, без за тоа да бидат прашани – е голема грешка – пишува Памук.
Понатаму тој заклучува дека ваквата бесчувствителност на власта јасно говори за нејзината авторитарност, за што сведочат и извештаите за состојбата со човековите права во Турција.
На крајот, турскиот нобеловец заклучува дека, сепак, им надеж кога ги гледа храбрите млади луѓе што мирно се спротивставуваат на солзавецот и на силата на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top