Жан-Клод Арно, сопруг на членката на Нобеловиот комитет Катарине Фростенсон, во повеќе наврати ги откривал имињата на добитниците на престижната награда, вклучувајќи ја и онаа што во 2016 година му беше доделена на Боб Дилан, објави шведскиот весник „Дагенс Најхетер”.
Арно ги открил имињата на вкупно седум добитници од 1996 година, досега.
Тој, меѓу другото, е обвинет и за сексуално вознемирување, а три члена на Нобеловиот комитет поднесоа оставки откако членството гласаше против исклучувањето на неговата сопруга од тоа тело.
Клас Естергрен, Кјел Еспмарк и Петер Енглунд гласаа за нејзино исклучување, јавуваат локалните медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.