| четврток, 6 декември 2018 |

Остапенко го освои Ролан Гарос

Јелена Остапенко е победничка на Ролан Гарос. 20-годишната летонска тенисерка во супердраматично финале славеше над Симона Халеп со 2-1 во сетови. Иако се најде во негатива од 0-1, потоа губеше и со 0-3 во вториот сет, Остапенко со извонредно игра направи целосен пресврт, добивајќи го решавачкиот сет со 6-3, по што го крена првиот гранслем трофеј во кариерата. Таа досега немаше освоено ниту еден ВТА трофеј. .

Со овој пораз, Халеп не ја искористи можноста да се искачи на врвот на ВТА-листата, додека на Остапенко сигурно и претстои огромен скок на ранкингот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top