| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Подготвени сме да и одговориме на Шпанија

Македонските репрезентативци се комплетно подготвени да се соочат со големиот фаворит, Шпанија, утре во квалификациите за СП 2018 во Русија, посочи селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски.

-Утре играме против репрезентација која сметам дека е меѓу четирите најдобри во светот. Но, без разлика на моќта на противникот, очекувам моите фудбалери да дадат се од себе. Нема потреба за некаква дополнителна мотивација, самиот противник ни ја дава потребната – истакна денеска Ангеловски.

-Ние сме подготвени да одговориме на предизвикот. Играме во Скопје, така да и двете селекции имаат исти услови за фудбал. Имавме доволно можност да ја анализираме тактиката на Лопетеги, и сметам дека ќе ги откриеме и искористиме грешките на шпанските фудбалери- додаде селекторот.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра утре со почеток од 20:45 часот на „Телеком арената“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top