| четврток, 6 декември 2018 |

Вулин: Ги чекавме фашистичките злосторници, го чекаме и Харадинај

Српскиот министер за труд, Александар Вулин, изјави дека ќе продолжи да ја брани земјата и сбите на Косово и дека никогаш нема да се признае косовската независност. Тој нагласува, Рамуш Харадинај ќе одговара за своите злосторства.

-Кога со апсење ви се заканува докажан убиец и водач на еден од најмоќните нарко кланови во Европа, тогаш знаете дека тоа е сериозно- вели Вулин, кој го опиша Харадинај како убиец на жени и деца и дека тој добро ги препознал противниците на косовската независност. Едно е сигурно, додава Вулин, а тоа е дека Харадинај е воен злосторник, докажан убиец на жени и деца и дека правдата ќе го достигне.

-Ние ќе го чекаме, како што ги чекавме злосторниците од втората светска војна , да минат децении пред да го видат лицето на правдата. Ќе го чекаме и Харадинај- потенцира Вулин

Харадинај неодамна изјави дека доколку биде премиер на Косово ќе ги уапси Александар Вулин и Марко Ѓуриќ доколку влезат во Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top