| четврток, 6 декември 2018 |

Дождот ги оштети патиштата и мостовите во Старо Нагоричане

Поројните дождови кои на 7-ми и 8 јуни го зафатија подрачјето на општина Старо Нагоричане, предизивикаа оштетувања на патната инфраструктура во оваа општина.

Според податоците на Регионалниот центар за управување со кризи како и на претстваници од Општинскиот кризен штаб кои одржале седница, оштетен е патот кој води кон селото Добрача. Поради оштетувањата на патот, отесечени се жителите на ова село, во кое претежно живеат повозрасни жители, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

– Поројните дождови предизивикаа слевање на водотеци во суводолиците и предизивикаа штета на патиштата. Одржавме седница на која одлучивме да побараме помош од надлежните подрачни институции – Регионалниот центар за управување со кризи, како и Дирекцијата за заштита и спасување, односно побаравме патиштата и патчињата кои водат кон одредени села да се вратат во првобитна состојба, изјави Дарко Митровски од Општинскиот кризен штаб на Старо Нагоричане. Рече дека кај нив нема пријави за евентуални штети на земјоделско земјиште.

Од поројните дождови кои ја зафатија општината оштетен е дел од патот кој води кон десетина куќи на село Стрновац, како и правци кои водат кон селата Дренак и дел од планинските села Арабанашко и Буковљане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top