Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и кандидат за премиер на Косово, Рамуш Харадинај, кого Србија го гони за извршени злосторства врз цивили, изјави за косовската телевизија дека Белград треба да побара извинување.
Харадинај тврди дека Србија извршила злосторства, геноцид и стотици масакри во Косово и поради тоа треба да побара извинување. Тој се закани дека ако стане премиер, директорот на српската владина канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ и српскиот министер за труд Александар Вулин ќе бидат уапсени, во случај да влезат во Косово.
Тој истакна дека нема да дозволи Србија да има главна улога во неговата земја.
– Србија не ме интересира и нема да дозволам таа да игра улога во мојата земја. Не можеме да бидеме потчинети, да седиме со наведнати глави пред учениците на Милошевиќ и Шешељ, нагласи Харадинај.
Тој изјави дека не е против дијалог со Србија, но разговорот треба да биде за взаемно признавање.
– Народот на Косово ја зајакнува Србија, купувајќи нејзини производи за над 300 милиони евра, а тие продолжуваат да се однесуваат како агресори. Вчера не убиваа, денес ни прават проблем, додаде Харадинај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации