| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Кисела Вода

Л.Т. вчера утрината пријавила дека шетајќи го своето куче од 14 катницата на бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Петар Дељан“, непознато лице од тераса пукало со огнено оружје.

Од страна на полициски службеници на лице место е затекнат А.П. (33)  од Скопје, по што бил приведен во полициската станица Кисела Вода и задржан за кривично дело “предизвикување општа опасност“.

На местото на настанот биле  пронајдени чаури од пиштол непозната марка, а од лицето била земена парафинска ракавица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top