
Денеска е Преподобен Никита Халкидонски
Овој светител засвети на земјата во времето на иконоборството. Од млади години се имаше повлечено во манастир. Неговата огнена љубов кон Христа од него набргу направи висок духовен светилник кој беше забележан од раководителите на црквата, па Никита беше избран за епископ на градот Халкидон. Кога на византискиот трон дојде иконоборечкиот цар Лав Ерменецот, скоро сите правоверни отци требаше да бидат прогонети. А тоа се случи и со Никита, кој отворено ја исповедаше правата вера и го прекоруваше царот за неговото отстапување. Свети Никита беше прогнат и во прогонство го заврши својот живот, преселувајќи се во вечните живеалишта на својот Господ, Исус Христос.
Како ариереј бил посебно милостив кон бедните, сиромашните, вдовиците, затоа на овој ден сите би требало да посветат внимание на оваа категорија луѓе.
Затоа денеска задолжително поделете милостина на оние на кои им треба!Не одминувајте ја подадената рака на беспомошните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Свети Тома седи дома: Утре го славиме светецот кој се сомневал во Христовото воскреснување
-
Започнете бизнис или тргнете на патување: Утрешниот светец ви гарантира успех
-
Денеска е Св. Елисеј: Сите жени кои го имаат овој проблем, задолжително да го направат ова…
-
На денешниот празник задолжително се јаде риба, а пред спиење покрај креветот се остава ова!


