| четврток, 6 декември 2018 |

Тајни есдеесовци кои цицаа од ВМРО: Ветерот на реформите дува од Кале (ФОТО)

Очигледно е дека борбата на „реформаторите“, кои донкихотовски завојуваа со ВМРО-ДПМНЕ во име на реформите и демократизацијата на партијата, ја раководи ветерот кој дува од Кале, што може да се види по фотографии и коментари објавени на социјалните мрежи. За да го заштитат луксузот стекнат на грбот на ВМРО-ДПМНЕ, групата „реформисти“, од надвор, вон партијата, кукавички ѝ најавија „процес за демократизација и модернизација“. Тоа покажува дека не се никој друг туку за луѓе што со години само користеле бенефити од партијата, богатејќи се на грбот на членството што работи за идеологијата.

Оваа група нема поддршка од членството туку од други фактори, кои сакаат да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ. Вакви најави, впрочем, протекоа токму од извртените мајстори на квинслишката медиумска групација, која пред неколку години ги промовираше и Никола Димитров како реформатор со т.н. „Амстердамска тројка“ или, пак, демократот Кекеновски, чиишто резултати ги гледаме. Ниту добија поддршка, ниту, пак, имаат некакво влијание. Освен лично, како Димитров, што сега е министер кој е поставен за спроведување на сценариото.

„Реформаторите“ поздравени од Заев и промовирани од медиумите со пари на Сорос и УСАИД

Овие „реформатори“, богатејќи се на грбот на членството што работи за идеологијата, веројатно сега одработуваат агенда, која повторно ќе им донесе удобен живот без труд и работа. Сметаат дека овој начин повторно ги стави во фокусот на вниманието, што повторно ќе им овозможи луксузи и елитни забави со амбасадори.

„Денес Бејли си направи ДПМНЕ, за ќеиф, мераклиски“, пишува Љупчо Палевски, поранешен прв човек на скопскиот огранок на Социјалдемоктатската партија. Палевски исто така го препознава фактот дека нешто смрди во реформскиот залет на „испосници“ од ВМРО-ДПМНЕ.

„ТВ 24+Вице = ТВ 25 во прилог на вести РЕФОРМАТОРИ поточно БЕЗИМЕНИ и платени“.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top