| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Само спонзорите на Заев знаат под кое име ќе влеземе во НАТО

Пандов потенцира дека Македонија долги години се труди и се реформира за да се приближиме со законската регулатива кон ЕУ и НАТО стандардите и конечно, 2008 година ги исполни сите препораки коишто требаа за во НАТО

„Како ќе влеземе во НАТО знаат само спонзорите на Заев. Јас очекувам дека ќе треба да го промениме уставното име ако сакаме да влеземе во НАТО или во ЕУ, изјави во гостувањето во вестите на „ТВ Нова“ политичкиот аналитичар Александар Пандов.

– Господинот Заев денеска имал средби со ЕУ амбасадорите, претпоставувам во иста насока, а изјавите беа дека тие охрабруваат што новата влада имала зацртан пат кон ЕУ и НАТО. Јас ќе потсетам, Македонија ЕУ и НАТО патот го има зацртано уште во ’90-тите години – рече Пандов.

Пандов потенцира дека Македонија долги години се труди и се реформира за да се приближиме со законската регулатива кон ЕУ и НАТО стандардите и конечно, 2008 година ги исполни сите препораки коишто требаа за во НАТО.

– Тоа беше верифицирано од тогашниот претседател на САД, господинот Џорџ Буш и ние добивме не само покана, туку признание дека следниот ден ние ќе бидеме полноправна членка на НАТО – рече Пандов.

Тој нагласи дека Македонија не беше примена во НАТО дури ни под привремената референца поради силниот отпор од Грција.

– Со што тоа успеа Заев да ги убеди Ципрас, грчките политичари, грчките граѓани, дека под референцата нема да има никакво проблем да влеземе? Што е толку различно од пред девет години? Јас мислам дека ништо и не верувам во таа прикаска дека Заев ќе успее да го превесла Ципрас и дека ќе го убеди под привремена референца да влеземе. Јас многу повеќе верувам дека ова се само прикаски за мали деца – вели Пандов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top