„Токму поради тие интересчиите, кои не се ни први ни последни безрбетници од основањето на ВМРО-ДПМНЕ до денес, баш поради таквите, потребни се суштински кадровски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за да излеземе посилни, со сплотување на членството, со единството и целокупноста на партијата како заедничка врвна цел за следната изборна победа!“- коментира Антонио Милошоски по настапот на, наводно, група „реформисти“ на партијата.
Денешното претставување на групата „реформисти“, кои од надвор, вон партијата, и најавија „процес за демократизација и модернизација“, покажува дека не се никој друг туку за луѓе што со години само користеле бенефити од партијата, богатејќи се на грбот на членството што работи за идеологијата.

Станува збор за мала група поранешни функционери од пониските ешалони, како Александар Михајловски, Петар Богојески, Илија Илијовски, кои своите функции ги загубија поради агресивно и арогантно однесување, но и богатење на сметка на функциите, без да се испорачаат резултати. Всушност за тоа и се работи, не се интересираат за реформи, туку за паушали на кои се научени. Илијоски, на пример земал по 90 илјади денари од МЕПСО, а сега останал без нив. Однесувањето на Михајловски, пак, низ судовите, каде со удар со нога ги отворал вратите , претставувајќи се како адвокат на ВМРО, беше причина да биде сменет од прв човек на партиската правна комисија.
Според тоа што се знае за нив, и начинот на кој само заработувале од функциите, а воопшто и не ни помислувале на реформи, јасно е дека сега главна грижа е зошто не се на власт, а не демократизација. Додека другите членови работеле за идеологијата, овие, наводно, реформатори ја злоупотребувале партијата. Не е ниту чудо што нивната иницијатива ја нема поддршката од јадрото на ВМРО-ДПМНЕ, напротив, во овие моменти наидуваат на осуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


