Се мислат за победници. Иако со стопостотна сигурност им предвидувам брз пад во бездна. Фатум, ем карма. Вака завршува секој фашистички проект. Оти е противчовечки, пишува новинарката Мирка Велиновска во својата последна колумна Окупаторите и квислинзите во акција да ја сотрат нацијата за Дневник.
„Инаку, како Црпко Заев преку ноќ од превратник и квислинг ќе станеше легален премиер? Молам! Сакам и овој пат да се издвојам оти се самопочитувам. Јас не мислам да му давам легитимитет на квислинг, превратник и терорист. Од 2001 до денес не сум ја легализирала ни УЧK (ДУИ). Ниту рамковниот ниту пржинскиот курверај. Фалшливиот претседателот Бранко Црвенковски и сега покојниот Борис Трајковски никогаш не сум ги признала за легитимни оти не беа избрани туку фалсификувани. Не ја признавам, ни есапам и црпкава што окупаторот од Вашингтон и Брисел ја постави во Македонија и од европска држава ја претвори во ново дувло на цијашкиот калифат кој го разори Блискиот и сега трга во поход на Средниот и Далечниот Исток. ИСИЛ од Македонија веќе заседна во државните институции. На јарболите пред нив веќе се веат бели знамиња“ пишува Велиновска.
„Државните службеници, војската и полицијата им се предадоа на главосечачите. Нашиот интелекуален вахабист Ал Багдади (Фрчкоски), веќе издава наредби за минирање со експлозив неподобни градби, јавни егзекуции со сечење глави, како што навестуваше западниот вегетаријанец, соросовецот и постмодерен јакобинец Жоро“.
„Маалските џукели џавкаат на секој што минува низ калифатот. Македонија веќе смрди на мочкоина од оваа зомби-глутница. А само што почнува! Се мислат за победници. Иако со стопостотна сигурност им предвидувам брз пад во бездна. Фатум, ем карма. Вака завршува секој фашистички проект. Оти е противчовечки. Човекот е дизајниран така што да се брани кога е нападнат. Се активира по автоматизам и се групира за борба. Најсилно се бори и бестрашно напаѓа кога е во голема криза и во опасност од исчезнување. Намерата на окупаторот, а преку квислинзите кои ја узурпираа власта, е набрзинка да ја преименуваат државата и да ја сотрат нацијата. Без реакција. Во тој миг ќе се случи пекол. Нека ми стои запишано оти кон таму сме кинисале. Искуството на генерациите кажува дека најжестока борба е онаа во која нападнатиот нема ништо повеќе од себе си. Мотивацијата, концентрацијата и силата во такви ситуации се толку големи што секој човек е сам по себе убиствено оружје. Дејствува по инспирација“, пишува Велиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.