| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Maкедонци, не продавајте си ја земјата!

Za zaednicka makedonija 23 (32) (Custom)

Сопственик и стопан на татковината е народот, секој поединечно. Дури и во услови на ново протерување на Македонците, тие ќе останат стопани ако багажот им е имотни листови и тапии за посед. Ако си ги чуваат како очи во глава, ако не си ги продаваат еднократно за безвредни евренца и доларчиња, тактковината кога тогаш, ќе си ја вратат нивните потомци, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна Не продавајте си ја земјата!.

„Оти единственото нешто што не застарува се тие докази за сопственост. Евреите се повикуваат на светите книги. Вевчанци на тапиите. Македонците протерани од Беломорска Македонија исто така. Впрочем, затоа и тврдам дека причината за спорот со Грција е баш рационален, а се крие зад ирационална античка маска. Токму тој доказ за посед на татковината од која под налет на напалм-бомби беа протерани стопаните е грчкиот узурпаторски кошмар. Тапиите сe уште се доминантно во рацете на Македонците. Така ги учеле дедовците и татковците, лесна им земја и миросани коските! Земја не се продава никому и за ништо на светот! Затоа татковина не се објаснува, ами се чувствува и се чува. Ниту еден узурпатор и окупатор не може да биде спокоен кога знае дека ставил рака и нога на туѓа сопственост.“

„Погледнете ја Америка која во резервати уште ги чува десткуваните и грогирани домородни индиоси или Австралија која има кошмари со Абориџините. Погледнете ги Весли Kларк и Медлин Олбрајт или оној непрокопсан Џо Бајден. Што им вреди што си го приватизираа Kосово, кога Србија се уште не се откажува од тапијата. Ќе бидат раат само ако сопствениот на татковината доброволно и сам се откаже од својата оставина или наследство. Kако кралска Русија од Алјаска.“

„Во Македонија се знае: се бара од нас доброволно да се избришеме како народ со македонски идентитет и доброволно да го предадеме наследството земја, води, руди, минерали, на пљачкашите. Не мамат со ,,демократски процедури“ не викаат на референдум за името, ни кројат територијални разграничувања и божем се тоа било модерно европски и нормално. Што сакам да кажам и да порачам: По секоја цена, бранете го теренот, не давајте ги општините, општинските совети, контролирајте ја поставената, а неизбрана бирократија која ОТИ ја калемеше додека не почнало видливото дејствување на окупаторот. Замрзнете си ги ситните и глупави омрази и кавги што ви ги посеа политиката, чувајте си ги за подобри времиња кога ќе ви стане досадно. Сега е време подготвени да го дочекате налетот на евро – атлантските скакулци и нивните издресирани качаци. Во наредниов период по никоја цена и за ништо на овој свет не си ја продавајте земјата. Ниедна педа! Никому.“, пишува Велиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top