| четврток, 6 декември 2018 |

Европа под вода – 13 загинати, 30.000 евакуирани (фото)

Најмалку 13 луѓе загинаа, двајца се водат како исчезнати, а 30 илјади се евакуирани во поплавите што зафатија неколку европски држави.

Осум луѓе загинале во Чешка, тројца во Германија и двајца во Австрија, каде што има и двајца исчезнати. Водата полека се повлекува од Чешка иако се стравува дека ќе следува нов бран и ќе ги повтори катастрофите од 1997 година и од 2002 година.

Повеќе од 30.000 луѓе биле евакуирани од градот Хале во Германија поради најголемиот водостој во последните 400 години.

Сласувачки екипи со хеликоптери извлекуваа семејства од кровите на нивните поплавени домови во германскиот град Дегендорф што се наоѓа на Дунав откако браната синоќа попуштила на две места. Четворица фармери биле спасени во последен момент пред разбеснетата вода да го однесе тракторот на кој чекале помош.

evropa poplava7 evropa poplava6 vropa polava5 evropa poplava3 poplava-e2 poplavae-e

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top