| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен е Лавдрим Мухаџери „Касапот од Качаник“

Лавдрим Мухаџери, алијас Абу Абдулах ал-Косова, водач на албанските џихадисти во Сирија и Ирак бил убиен, потврдува неговото семејство, по неколкуте лажни вести за неговата смрт.

Мухаџери(29) по потекло од Качаник, заедно со Билал Хаќифи исто така од Косово, убиени се во полноќно бомбардирања на седми јули. Во изминатиот период беа пласирани, во неколку наврати, информации дека Мухаџери е убиен, но тој повторно се појавуваше. Сегашната вест за смртта на, „Касапот од Качаник“, ја потврдило и неговото семејство во Качаник.

Косовската полиција потврди дека има информации за убиен Косовец, но нема потврда дека тоа е Мухаџери, кој по постираните фотографии каде сече глави на млади момчиња, го доби псевдонимот „касапот од Качаник“. Пред да замине во редовите на „Исламска држава“, тој работел во американската база Бондстил во Косово, додека претходно бил ангажиран за НАТО во Авганистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top