| четврток, 6 декември 2018 |

„Радио Кадена“ јави: Роналдо во Реал до 2018 година

Шпанското „Радио Кадена“ објави дека Кристијано Роналдо ги прифатил условите на раководството на клубот и го продолжил договорот до 2018 година, со што паѓаат во вода сите најави за заминување на Португалецот од „Сантјаго Бернабеу“.

Истовремено, според одлично информираните новинари во радиото, кои често објавуваат ексклузивни весто за Реал Мадрид, Роналдо одбил понуда од француски клуб тешка 17 милиони евра по сезона, плус уште 50 милиони евра за трансферот. Се претпоставува дека се работи за Монако или за Пари сен Жермен. Кристијано, според најавите, добил подобри услови од „кралскиот клуб“ во однос на претходниот договор што му истекуваше во 2015 година и ќе заработува околу 16 милиони евра по сезона во Реал.

Долго време траеа преговорите меѓу двете страни, а шпекулациите дека CR7 ќе си замине ги подгреа огласот на кој фудбалерот ја нуди на продажба вилата во Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top