Здравко Мамиќ вчера беше физички нападнат во Бол на Брач, додека во друштво на семејството и пријателите се шетал на централното пристаниште.
Момче, на 22 години, се залета кон Мамиќ и со бокс го удри по главата, по што од силината на ударот паднал во море.
– Бев во Бол да го славам роденденот на мојот роднина Стојко Мамиќ. Се беше нормално, и во еден момент долета некое момче од зад грб и со бокс ме удри по глава, по што паднав во морето. После многу и не се сеќавам, но на среќа пријателите веднаш ме извлекле од морето. Бев ошамутен, изгубив свест, и сега не се сеќавам на се, но верувам дека ќе бидам добро – вели Мамиќ за „Спортске новости“ и дополнува:
– Но, не побарав лекарска помош. Не се чувствував добро, но мислам дека немаше потреба за лекарска помош – вели Мамиќ.
Лицето кое го нападна сопственикот на Динамо Загреб е фатено од полицијата, иако се уште не се соопштува неговиот идентитет.
– Не можеме да го потврдиме идентитетот на лицето, но факт е дека полицијата постапи согласно своите овластувања – велат од хрватската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)