| четврток, 6 декември 2018 |

(видео) Нов хит за американските богаташи – мачка за 35 илјади долари

Нормално, дива афричка мачка би очекувале во афричките савани, но сега може да ја најдете и во американските домови. Но, оние богатите. Савана, како се вика новата сорта со вкрстување на домашна со дивите афрички мачки, е новата мода која чини 35 илјади долари

diva macka 1Носат гени на афричките сервали, па изгледаат елегантно како минијатурни гепарди. Имаат подолги уши, врат и нозе, а „дезенот“ на крзното е микс од линии и на пеги. За одгледувачите тоа е прекрасен егзотичен љубимец иако признаваат дека цената е мал недостаток – 35.000 долари.

– Тие се како куче кое никогаш не сака да порасне. Како да чувате куче кое мочка во кутија со песок – вели една одгледувачка. Таа има 6 савани, а со нив настапи и на националната телевизија.

diva macka 2Леопардите за дневната соба ги има во три варијанти. Највредни и најскапи се оние од првата генерација кои се познати како Ф1, со 53 проценти гени од див сервал, додека секоја нова генерација има помалку „диви“ гени.

Една Ветеринарна служба од Оклахома ги опишува како идеални и приспособливи љубимци. Притоа одлично се вклопува со убаво воспитани деца кои им укажуваат почитување, а не е реткост да се спријатели и со куче или друга мачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top