| четврток, 6 декември 2018 |

Нокаутиран паднал во море: Здравко Мамиќ физички нападнат на Брач (Видео)

Непознато момче вчера попладне на островот Брач, физички го нападнало Здравко Мамиќ, долдодогишниот претседател, сега советник во хрватскиот фудбаслки гигант – Динамо Загреб.

На пристаништето во центарот на островот, Мамиќ со својата јахта дошол за ВТА турнирот по што момчето се доближило до него и го удрило со тупаница од зад грб, по што Мамиќ паднал в море.

– Кога ме извадија од водата не се чувствував добро, но не побарав лекарска помош. И сега не сум добар, но се надевам наскоро ќе биде се во ред. Уште ме боли главата, а во еден момент изгубив и свест. За среќа ме спасија лушето кои се најдоа таму, изјавил Мамиќ за „Спортски новости“.

22-годишното момче избегало по инцидентот, но брзо било уловено и предадено на полицијата. Против него била покрената кривична постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top