„Кока-кола“ со името на Амди Бајрам се продава во Словенија. Пратеникот во македонското Собрание за „Вечер“ изјави дека бил пријатно изненаден кога при неодамнешниот престој во Љубљана добил подарок – лименка од познатиот пијалак произведена од словенечкиот производител, на која било испишано неговото име и презиме.
Амди Бајрам веднаш нарачал еден шлепер лименки од персонализираната едиција кои ќе ги дели во Македонија.
– Се изненадив кога ми донесоа „кока-кола“ со натпис Амди Бајрам. Ми кажаа дека лименките се продаваат во продавница, ги има секаде, дека можат да се купат. Никој не ми се јавил да ме праша за дозвола бидејќи станува збор за словенечки производител, но кога го видов своето име на „кока-колата“, ми беше голема чест и задоволство. Словенија е во Европа, за мене е тоа голема чест – изјави за „Вечер“ претседателот на Сојузот на Ромите
– Оваа едвај ја донесов во Македонија, морав да покажам дипломатски пасош за да ме пуштат да влезам во авион бидејќи е забрането да се пренесуваат течности – додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


