| четврток, 6 декември 2018 |

Најтажниот првак на Европа (ВИДЕО)

Во 2014 дојде во Реал како еден од најдобрите играчи од штотуку завршеното Светско првенство, платен 75 милиони евра. Ни три години подоцна не е ниту езерва во финалето на ЛШ, на кое триумфира неговиот клуб.

Хамес Родригез требаше да стане великан на Реал и во текот на првата сезона изгледаше дека така ќе биде, зашто со левата со која шутира (17 голови и 18 асистенции) и фактот дека со тоа што им ја читаше играта на противниците ги доведуваше до лудило, им беше омилен на навивачите. Но втората сезона стана проблематична уште пред да почне. Го одби парањето на новиот тренер Рафа Бенитез да се врати порано од продолжениот одмор по Копа Америка, по што следеше повреда и тешко пробивање низ конкуренцијата, па играше помалку и беше речиси двојно помалку ефективен (8 голови и 10 асистенции).

Новата промена на тренерот не му донесе ништо добро, зашто Зидан ја промени екипата со воведувањето на Касемиро, а подосна местото наХамес го земаа Иско и Асенсио. Трето, и последно, Хамес беше исклучителен последната сезона во Реал, но со 11 голови и 13 асистенции, но јасно беше дека спадна на трета резерва и дека мора да замине. Со тоа, како и со ограничената минутажа, никако не можеше да се помири, дури ни кога стана јасно дека заминува од Реал.

Снимката и текстот од Кардиф најдобро ја доловуваат состојбата на колумбискиот ас во Реал. Додека неговите соиграчи го прославуваат историскиот успех – првата екипа која го одбранила тронот првак на Европа, Хамес Родригез, третиот најскап играч во историјата на клубот, кој во финалето не успеа да стигне ниту до записникот, а камо ли на теренот, сам нога пред нога заминува кон клупскиот автобус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top