Крајно време е на Македонија да и се овозможи почеток на преговорите за членство во Европската унија, бидејќи направивме многу реформи во минатото, во сите сфери и сектори, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Брисел каде се сретна со со еврокомесарот Јоханес Хан и европарламентарците Едуард Кукан и Туне Келам.
– Реформи нови секогаш ќе има. Тоа било и така ќе остане за секоја земја и во членките на ЕУ и во земјите што се надвор од ЕУ, но не може постојано тоа да биде изговорот зошто не се отвораат преговорите за членство. ВМРО-ДПМНЕ и Владата што ја предводеше направи крупни реформи. Тоа низ годините беше одобрувано пред да се направат и поздравувано откако се направија тие реформи, а тоа треба да има одреден епилог со почеток на преговорите, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)