Азра Мустафоска (26), швајцарска ракометарка со македонско потекло, е прогласена за најкорисен играч во женската лига на оваа земја во минатата сезона, објавува спортскиот портал „Дерби“.
Дека не го заборава потеклото од Македонија, Мустафоска покажува и на нејзиниот профил на веб-страницата на Брил, каде што во рубриката „отсекогаш сум сакала да кажам“ стои: „Македонците НЕ се Грци!!!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


