| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски фудбалер се напи пиво на теренот, па постигна гол во 90. минута (Видео)

Бугарскиот фудбалер Иван Бандаловски од тимот на Вереја, се најде во центарот на вниманието на спортската јавност откако на теренот се напил од лименка пиво која претходно била фрлена на тревникот. За ситуацијата да биде уште поинтересна, Бандаловски постигнал гол во последните моменти од мечот за 1-1 и на својата екипа и обезбедил продолжение во дуелот со Левски.

Мечот кој се одиграл во неделата одлучувал кој од овие два тиме ќе игра во квалификациите за Лига Европа, а Левски Софија победил на пенали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top