| четврток, 6 декември 2018 |

Алегри ја продолжи верноста со Јувентус до 2020 година

Тренерот на италијанскиот шампион Масимилијано Алегри го продолжи договорот со клубот од Торино до јуни 2020 година, откако стариот му истекуваше наредното лето. Утрово тренерот од Ливорно пристигна во седиштето на клубот и експресно падна договор за продолжување на „љубовта“.

Алегри освои три скудета и три Купа на Италија во претходните три сезони и двапати ја одведе „старата дама“ во финалето на Лигата на шампионите. Некогашниот тренер на Каљари и Милан феномален просек од 2,36 бода по натпревар во Серија А, што го прави заедно со Антонио Конте рекордер во италијанската елита.

Неофицијално, Алегри ќе добива скоро седум милиони евра по сезона, што е значително зголемување на платата. Јуве и покрај поразот од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, финансиски најдобро помина и има многу пари за засилувања ова лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top