| четврток, 6 декември 2018 |

Стигнаа штрковите – синот на Северина доби брат!

Бизнисменот и поранешен партнер на Северина, Милан Поповиќ доби втор син.

Неговата партнерка, Бојана (23) на свет донесе момче, а нејзина одлука била малечкиот да го добие името Милан, исто како неговиот татко.

Поповиќ во едно поранешно интервју изјави дека е сигурен дека Бојана ќе биде одлична мајка.

-Се вика Бојана, се запознавме во Белград пред повеќе од две години. Студира маркетинг, од добро белградско семејство е, многу е згодна, образувана, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена за шега. Со неа нема кавги и препирања, дури ни сега кога е во блажена состојба, кога жените знаат да бидат нервозни. Мила е, драга и мислам дека ќе биде супер мајка, а тоа ми е важно- рекол тогаш Поповиќ.

Инаку тој го има и петгодишниот Александар од врската со Северина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top