| четврток, 6 декември 2018 |

Почина девојката што беше повредена во сообраќајка во Драчево

Почина 20-годишната девојка што беше удрена од мотор пред три дена на раскрсницата меѓу улиците „Иван Хаџиниколов“ и „Живко Фирфов“ во населбата Драчево.

МВР соопштува дека девојката Т.Т (20) била удрена од страна на 32-годишниот скопјанец З.А, а потоа со тешки телесни повреди била пренесена на КАРИЛ при Ургентниот центар – Скопје. Следниот ден им подлегнала на повредите.

Возачот на мотоциклот бил повреден, но по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top