Се сретнаа албанскиот платеник Зоран Заев и сопственикот на рекетарскиот „Курир.рс“ Александар Родиќ, пишува српски Информер за средбата на Заев и газдата на „Слободен печат“. Како што објави и самиот „Слободен печат“, Заев го пофалил Родиќ за „објективното информирање за кризата во Македонија“.
Средбата на Заев и сопственикот на „Курир.рс“ и „Слободен печат“ и пофалбите упатени кон медиумскиот рекетар се јасен доказ за нивното заедничко делување, пишува Информер.
Информер: Заев и Рама договориле удар на Србија, војна на Русија и продажба на Македонија
За потсетување, Родиќ беше исклучително активен во кампањата на сметка на албанските криминалци и нивниот платеник во Македонија, Зоран Заев. Оттука, пишува Информер, сосема е јасно зошто Заев токму на „Курир“ го даде тоа интервју во кое ја плука Владата на Србија. Зад сѐ стојат милиони евра, кои албанските бизнисмени блиски на терористичките организации ги дадоа за валканата кампања во Македонија. Нивната крајна цел е Голема Албанија, а најцрно во сето тоа е што им помагаат и овие продадениве Срби, објаснува соговорникот на „Информер“ и додава дека задачата на Башановиќ е да го „поправи имиџот“ на лидерот на СДСМ во Србија.
Изјавите на Заев за српски Курир во кои тој го нарече српскиот претседател Александар Вучиќ националист обвинувајќи го дека предизвикува напнатост и криза во регионот предизвикаа остра реакција од српскиот државен врв. Ивица Дачиќ и Александар Вучиќ го осудија Заев и му порачаа дека таквите изјави ќе остават траги во билатералните односи помеѓу двете држави.
Освен што одработува за големоалбанската агенда на Заев и Рама, Александар Родиќ се поврзува со изнуда на пари и други матни бизниси во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


