| четврток, 6 декември 2018 |

Загинал најмладиот наследник на Миле Поп Јорданов, актерот Чочо Попјорданов

CHocho-PopjordanovЕден од најпознатите актери на бугарската театарска сцена, Петар Попјорданов или како што јавноста знае, Чочо Попјорданов, загинал минатиот месец. Чочо е најмладиот наследник од семејството на македонскиот револуционер, Миле Поп Јорданов.

Загинал под трагични околности како жртва на непријателска заседа во близина на родниот град. Имено не сакајќи жив да падне во рацете на непријателот се самоубил. Наследник на фамилијата е  бугарскиот актер Чочо.

coco

48 годишниот актер Чочо починал во болница пред еден месец, каде бил пренесен во кома. Имал тешка двостранична мозочна контузија, скршена черепна коска, внатречерепен хематом, скршеница на черепната основа, контузија на белите дробови и скршено ребро. Паднал кај гробиштата во реонот Бојане, каде садел љубичици на гробот на неговата мајка, која починала неколку дена претходно. Движејќи се наназад за да ги види љубичиците паднал од височина од два и пол метри. Тој имал проблеми и со алкохолизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top