Поранешниот македонски олимпиец Коце Ефремов ненадејно почина вчера на 62-годишна возраст во Кочани, оставајќи го македонскиот спорт без уште еден великан.
Ефремов, кој е роден на 17 март 1956 година е еден од најистакнатите борачи на БК Спартак, југословенски репрезентативец, кој беше олимпиец од ЛОИ во Москва во 1980 година, каде го освои седмото место, а една година претходно беше златен на Медитеранските игри во Сплит, со учества на европски и светски првенства во борење.
На Медитеранските игри беше златен во категоријата до 48 килограми, потоа беше седми на ЛОИ во Москва, а претходно на ЕП 1976 заврши како петти, на ЕП 1980 во категоријата до 52 килограми беше деветти, а во 1981 година беше десетти.
Погребот на Ефремов ќе се одржи денеска од 14 часот на градските гробишта во Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.