Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалез повика 20 ракометари на првиот собир на репрезентацијата за почеток на подготовките за квалификациските натпревари за ЕП 2018 против Украина и Чешка.
Собирот ќе се одржи во четврток (08.06.2017 година) со почеток во 13.00 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Список на повикани ракометари:
Мартин Томовски, Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Велковски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Филип Талески, Велко Маркоски, Златко Даскаловски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Влатко Митков.
Репрезентацијата на Македонија, првата од двете последни средби во квалификациите за ЕП 2018 ќе ја одигра на 15 јуни против Украина во Суми, додека на 18 јуни во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се сретнеме со Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.