Еден од најбараните играчи во претстојниот трансфер пазар, Белгиецот Роему Лукако изјави дека заминува од тимот на Евертон, пред се поради тоа што сака да биде дел од тим кој ќе игра во Лигата на шампионите.
– Не сакам да остана на исто ниво. Сакам да напредувам во мојата кариера и знам каде ќе го направам тоа. Сакам да бидам дел од Лигата на шампионите – изјави Лукаку.
Лукаку од тимот на Челзи се пресели на „Гудисон парк“, а сега според медиумите од Островот, Белгиецот е најблиску до враќање на „Стемфорд бриџ“.
– Водимо разговори со потенцијалниот нов клуб. Но, ќе оставам тоа да го прави мојот агент. Покрај настапот во ЛШ сакам да ја освојам и Премиер лигата, барем еднаш – заврши Лукаку.
Покрај Челзи, заинтересиранотс за Лукаку покажуваат и тимовите на Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Во штотуку завршената сезона во Премиер лигата, Лукаку постигна 25 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.