Албанскиот премиер Еди Рама и Зоран Заев кон крајот на декември и во почетокот на јануари договориле заедно да удрат на Србија, да ѝ „објават војна“ на Русија и да ја трансформираат Македонија во албанска држава Илирида, пишува српски Информер повикувајќи се на доверливи разузнавачки документи. Порталот пишува дека се работи за преписка меѓу две западни тајни служби во која ги опишуваат средбите и тајните разговори на Рама, Заев и лидерите на албанските политички партии во Македонија.
Што договориле Рама и Заев
- Слабеење на српското влијание во Македонија и удар на Србија.
- Уставно признавање на Албанците како државотворен народ во Македонија.
- Поддршка јна секоја уставна иницијатива која ја јакне етничката еднаквост на Албанците.
- Да се внесе во Уставот дека покрај македонскиот официјален јазик е и албанскиот
- Знамето, химната и грбот мораат да прикажуваат „мултиетничко спојување и еднаквост“.
- Собранието да прифати резолуција која го осудува геноцидот врз Албанците од 1912 до 1956.
Рама ги диктирал условите
Еден од состаноцитте кои се опишуваат во документи во кои имал увид Информер, е и средба меѓу Рама и Заев во хотелот „Династи“ во Тирана, а на средбата присуствувале и претставници на албанските партии во Македонија: ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците.
На почетокот на овој разговор, пишува Информер, Рама јасно му предочил на Заев дека ако сака поддршка на Албанија за формирање нова влада, мора да исполни одредени услови.
„Зоране, вие сте должен да ја исполнувате и да ја уважувате волјата на албанските гласачи што ја искажаа на вонредните парламентарни избори во декември. Придржувајте се до Охридскиот договор, а ако не го сторите тоа, Зоране, во Македонија ќе нема мир! Тогаш тоа ќе се решава со други средства. На сите вас ви препорачувам да се придржувате до следниве ставови… зашто само во тој случај ќе бидат постигната конечната цел за сојуз на Албанија со федерални држави. Вчера добив поддршка од нашиот драг Доналд Лу, а таа поддршка ќе овозможи да се пристапи кон целосна реализација на нашите заеднички задачи. Како резултат на тоа, таа реалност треба да ја прифатат и Груевски и Иванов или ќе ги нема! Неопходно е да се скрши Русија на Балканот. Тоа е клучниот момент, тоа е во интерес на целиот Запад! Проектот за гасовод низ Турција, Грција, Македонија и Србија треба да биде оневозможен“, рекол Рама од збор до збор.
Рама без текст, Заев демантира
Информер побарал коментар од Рама и Заев . Најблиските соработници на Рама наводно биле шокирани од транскриптите.
„Немам зборови. Ништо од тоа што пишува нема врска со реалноста“, порачал Ендри Фуга, директор за комуникации во албанската влада, а од Кабинетот на Заев официјално негирале дека некогаш бил одржан состанок на Заев и Рама
„Заев и Рама единствено се сретнале на крајот на септември 2016 година, на конференцијата на ОЕБС, кога се видоа на половина час. Оттогаш не се сретнале, така што наведените информации не се точни“, велат од Кабинетот на Заев за Информер.
Заев, пак, според документите, му одговорил на Рама дека се плаши дека таквите планови би можело да ги осуети „српско-руското влијание на Балканот“. Меѓутоа, Рама му порачал дека воопшто не се сомнева во реализацијата на ова сценарио, зашто ја има поддршката на американските амбасадори во Скопје и во Тирана, Џес Бејли и Доналд Лу. Затоа и инсистирал македонската влада да ја усвои резулуцијата за наводниот геноцид над Албанцие од 1912 до 1956.
На тоа, пишува Информер, Заев одговорил:
„Сето тоа можеме да го сториме ако успееме да го обвиниме српскиот елемент и на тој начин да го оттргнеме српското влијание во Македонија…“.Интересно е дека Заев на еден од состаноците со Рама рекол дека за реализација на овој план обезбедил поддршка од лобисти и некои медиуми во Бугарија и Србија.
„Во Србија веќе разговарав со Башановиќ, тој има влијание на спрските медиуми. Ќе ме поддржи „Курир.рс“, телевизијата Н1, а во Бугарија ќе покрие Цветан Василев со уште поголеми медиумски ресурси“, рекол Заев.
Кои се амбасадорите кои стојат зад ова
*Џес Бејли е американски амбасадор во Скопје и кадар на Барак Обама. Американската антикорупциска организација „Џудишал воч“ го сомничи дека со милиони долари од Џорџ Сорос ги помагал протестите за соборување на Никола Груевски.
*Доналд Лу, амбасадор во Трана, кадат е на претходната американска администрација и поврзан со мешање во внатрешните работи на земјите на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.