Прашањето за телото на Ленин и неговиот погреб и натаму е жешка тема во Русија уште од Перестројката во 80-тите години.
Според истражувањето кое во април било направено во Русија, повеќе од половина од Русите, 58 проценти од нив, сакаат телото на Ленин да се премести од мавзолејот на Црвениот плоштад во Москва и конечно достоинствено да се погреба. Сепак, повеќето од нив не сакаат целосно да се отстрани споменикот на болшевичкиот лидер, а многумина би сакале Ленин да се погреба некаде блиску до ѕидините на Кремљ, бидејќи сметаат дека тој тоа го заслужува.
Мал дел од граѓаните, дваесетина проценти сметаат дека Ленин треба да се погреба во Санкт Петербург, на гробот Волково каде се закопани некои од најзначајните руски политичари и уметници, како и неговите мајка и сестра.
Меѓутоа, не станува збор само за начинот на кој Русија ќе му оддаде почит на еден од своите најголеми револуционери, туку станува збор и за пари. Имено, одржувањето на балсамираното тело не е евтино. Руската влада секоја година на овој проект троши околу 13 милиони рубљи, односно 200.000 долари. Тоа е сумата која е потребна за телото на Ленин да изгледа живо.
Ленин е балсамиран со експериментални техники, кои бараат константно оддржување, поради што е формирана и “Мавзолејска група” од научници. Овој тим во еден период го сочинувале 200 експерти кои ги подготвувале специјалните препарати.
Нивниот приоритет бил да го сочуваат обликот, тежината, бојата и флексибилноста на телото, во однос на биолошкото ткиво, па одредени делови од кожата и мускулите ги замениле со пластика и други материјали. Секои две години телото се потопува во гливерол и калиум ацетатат на 30 дена, а благодарение на таа техника, велат експерите, телото може да остане сочувано со векови.
Иако крвта и другите телесни течности се отстранети, внатрешните органи, мустаќите, образите и брадата се оригинални. Наместо кожа, нанесен е материјал од мешавина од парафин, глицерин и каротен, пренесува БиБиСи.
Интересно е дека поради одржувањето на посмртните останки на првиот лидер на СССР настанала и техника, благодарение на која подоцна бил овозможен проток на крв преку бубрезите на донорот во текот на трансплантацијата.
Телото на Ленин било балсамирано на барање на Сталин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.