Владимир Ленин е мртов веќе 92 години, но неговото тело и понатаму изгледа како да е жив, како да спие. Колку чини таквото чување на тело од кое духот излегол пред речиси еден век.
Владата на Русија објави дека оваа година ќе потроши околу 13 милиони рубли (200.000 долари) на конзервирање на балсамираното тело на Ленин или со други зборови – за Ленин да изгледа како жив.
Иако последните години се погласно сè зборува Ленин да се погреба (истражувањата покажуваат дека 82 отсто од Русите сметаат дека би требало телото конечно да се смести во гроб), Кремљ ја отфрли таа можност.
Ленин е балсамиран со експериментални техники кои бараат постојно одржување поради што е формирана дури и Мавзолејска група научници. Во најпосветените денови тимот кој се грижел з зачувување на останките на некогашниот лидер броел и до 200 стручњаци кои работеле во лабораторија и правеле специјални препарати.
Ним им е приоритет да ги зачуваат формата, тежината, бојата и флексибилноста на телото. Сепак, некои делови на кожата и на мускулите се заменети со пластика и други материјали.
На секои две години по 30 дена телото се потопува во раствор од глицерин и калиумацетат, а благодарение на ова, велат научниците, телото може да се зачува со векови.
Иако се извадени сител телесни течности и внатрешните органи, мустаќите, веѓите и брадата се оригинални. Наместо кожа нанесен е материјал од мешавина на парафин, глицерин и каротен.
Интересно е дека поради одржување на посмртните останки на првиот водач на СССР создадена е и техниката благодарение на која подоцна е овозможено движење на крвта низ бубрезите на донорот во текот на трансплантација на бубрези.
Телото на Ленин е балсамирано на барање на Сталин. Тој почнал на 53 годни, во 1924 година, а телото е изложено во Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.