| четврток, 6 декември 2018 |

Ленин уште изгледа како да спие, ама колку тоа чини?

Владимир Илич Ленин е мртов веќе 91 година, но неговото тело уште изгледа како да спие. Колку чини тоа одржување на телото кое духот одамна го напуштил?

Владата на Русија објави дека оваа година ќе потроши околу 13 милиони рубљи или 200 илјади долари на конзервиррање на балсамираното тело на Ленин.

Иако во последните неколку години многумина инсистирале дека Ленин треба да се погреба, Кремљ ја отфрли таа можност.

Ленин е балсамиран со експериментални техники кои бараат постојано одржување поради што дури е формирана и „Мавзолејска група“ на научници. Тимот го сочинуваат 200 стручни лица кои работат во лабораторија и прават специјални препарати.

Ним им е приоритет да го сочуваат обликот, тежината, бојата и флексибилноста на телото во однос на биолошкото ткиво, па одредени делови на кожата и мускулите се заменети со пластика и други материјали.

Иако се отстранети крвта, сите телесни течности и внатрешни органи, мустаќите, веѓите и брадата се оригинални. Наместо кожа, нанесено е материјал од мешавина парафин глицери и каротен.

Интересно е дека поради одржување на посмртните останки на првиот водач на СССР и настанала техниката благодарение на која подоцна е овозможено движење на крвта низ бубрезите на донаторот за време на транслантацијата.

Телото на Ленин е балсамирано на барање на Сталин. Почина во 53. година од животот во 1924 година, а неговото тело било изложено во Москва.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top