| четврток, 6 декември 2018 |

Другарите на Столе Стоилов последни дознаа за победата на „Вардар“ (видео)


Видеото на кое се гледа група момци кои нетрпеливо го очекуваат финишот на натпреварот во кој РК Вардар стана европски шампион, го обележи вчерашниот ден како „позитив на денот“. Станува збор за Карфа, Мише, Борче, Кико, Крап, Нерче и англискиот булдог Гац. Навивачката дружина е собрана кај Столе Стоилов дома, каде што се грижи за домашниот миленик на популарниот ракометар, бидејќи остатокот од семејството Стоилови беше во Келн каде што ги поддржуваше „вардарци“.

Оригиналната снимка е објавена на Инстаграм, на профилот на Александар Ризевски, кој е еден од момците во оваа весела навивачка дружина.

Вардар Шампионеее🏆 #ehfchampionsleague #champions2017 #vardar ❤️🖤

A post shared by Aleksandar Rizevski (@krapco) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top