Илија Рајковчевиќ е младо момче со само 18 години, но исклучително голем успех зад себе. Тој успеа да победи во својата животна борба со килограмите и да ослабе цели 60 килограми!
Илија е студент по бизнис и логистика на факултетот “Гоце Делчев” и е прва година. Во интервју за порталот Среќа Мк, тој ја раскажал и својата животна приказна, односно неговата борба со вишокот на килограми, како и фантастичниот успех кој што го постигнал како резултат на својата упорност.
Тој има објавено и видео запис за својот успех.
– Сè започна на 01.07.2014-та година, тогаш одлучив да се сменам, едноставно не можев повеќе да се гледам во огледало, како тонам секој ден повеќе и повеќе, осамен самиот со храната. Морам да му се заблагодарам на Божидар Јовевски кој на почетокот многу ми помогна во врска со вежбањето каде што едноставно беше тука во секој момент кога посакав да се откажам, тој ми помагаше да останам на патот по кој што тргнав. Со текот на времето ги приметив резултатите и едноставно ми влезе како животен стил, нема ден да не, не отидам да вежбам.
– Поради слабеењето морав да направам и операција на вишок кожа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)