Поради обилните врнежи од дожд по 17:00 часот попладнево кај селото Порој се излеа Поројска река, а наносите од кал, камења и вода предизвикаа целосен прекин на сообраќајот во двете насоки по регионалниот пат Тетово – Граничен премин Јажинце.
Поради оваа блокада сообраќајот од страна на полициски екипи се пренасочува преку Лешок, Сиричино и клучката за Желино, велат од полицијата.
Раководителот на тетовската секција на Дирекцијата за заштита и спасување Ариф Арифи посочи дека нивните екипи се на терен кај Порој и оти засега нема опасност по куќите, жителите и добитокот во близина на Поројска река, но оти поради наносите од кал по патот сообраќајот е прекинат.
-Додека траат врнежите од дожд состојбата не дозволува да се интервенира со механизација за отстранување на наносите од кал на мостот на Поројска река, но екипите ја следат состојбата и доколку временските услови дозволат механизацијата ќе биде ангажирана за отстранување на наносите, изјави Арифи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)