| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Дебар, Прилеп, Крива Паланка и Македонска Каменица

Околу 13 часот подрачјето на Дебар и околината беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која предизвика невреме со обилен пороен дожд, до 40 литри на метар квадратен, со електрични празнења.

Како што соопшти УХМР, во моментов нестабилно со пороен дожд и грмежи е во подрачјето на Прилеп, Крива Паланка и Македонска Каменица. Попладне и до крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните предели.

До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет.

Во четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето, по што следува период на стабилно и топло време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top