Водителката на „Ен-Би-Си Њуз“, Меган Кели, која била модератор на Петербуршкиот меѓународен економски форум и го интервјуирала Владимир Путин, говорела за нејзините впечатоци од рускиот претседател.
Како што раскажалаа таа, во приватните разговори Путин се однесувал многу поинаку отколку пред камерите.
– Тоа како да беа двајца различни луѓе. Кога камерите беа исклучени, во приватните разговори беше топол и пријатен, разговаравме за моето семејство, како и за неговото. Но, кога влезе во кадар се трансформираше во оној Путин кој сите го знаеме. Многу борбен, не отстапува од своето, па дури и се однесува емотивно и агресивно. Во голем број од прашањата, дури може и да се каже дека напаѓа повеќе отколку што одговора. Тоа е тој препознатлив Владимир Путин кој Русите го обожуваат, изјавила новинарката.
Според нејзиното мислење, Путин во разговорите со новинарите сака да биде предизвикан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)