| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот шампион Баерн му ја честита титулата на Вардар

Европскиот шампион Баерн Минхен му ја честиташе шампионската круна на Вардар, информираше официјалната интернет страница на Вардар.

„Во името на Баерн Минхен сакам да Ви ја честитам освоената шампионска титула во сезоната 2012/2013“ – се вели во честитката потпишана од претседателот на Извршниот одбор на Баерн Минхен, Карл – Хајнц Румениге, а испратена до Извршниот директор на Вардар, Горан Митев.

Така тоа го прават големите клубови, а Баерн е светски гигант и најдобар фудбалски клуб во сезоната 2012/13 година. Со три титули во сезоната, Баварците направија вистински подвиг, а покрај ЛШ, победија и во Бундеслигата и во националниот куп на Германија.

Вардар доби честитки и од повеќекратниот италијански шампион Милан кој, пак, минатата година беше единствен клуб од странство кој испрати честитка до најтрофејниот македонски клуб. Честитки има и од пријателите од Шалке 04, но и од бугарскиот шампион Лудогорец кој испрати писмо со честитки до шефот на стручниот штаб, Благоја Милевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top