| четврток, 6 декември 2018 |

Наследил стара куќа од роднините – занемел од шок кога почнал да го менува мебелот!

Французин кој наследил куќа од починати роднини, открил неверојатна ризница на златни парички и прачки вредни неколку милиони евра. Богатството било добро сокриено под намештајот и во купатилото.

-Имаше вкупно 100 килограми злато, околу 5.000 златни парчиња, две златни прачки од 12 килограми и 37 златни шипки од по килограм. Го имаше секаде по куќата и толку беше успешно сокриено, што ни јас не успеав да го видам- рекол Николас Фирофорт, локален аукционер.

Фирфорт, кој во куќата бил да ја процени вредноста  на намештајот за новиот сопственик, изјавил дека пленот пронајден во куќата е вреден 3,5 милиони евра.

Богатството е пронајдено сосема случајно, кога новиот сопственик се обидувал да го помести мебелот и прво налетал на помал ковчег полн златни парчки, сокриен во внатрешноста на едно парче мебел. Следувало шише од виски исто така полно со пари, па пронаоѓањето на предметите одело едно по друго, се додека не стигнал до џек потот, односно златните шипки.

Како што се испоставило, златото е купено меѓу 1950 и 1960 година, а сите сертификати за неговото купување исто така се пронајдени во куќата.

Златото е продадено на купувачи по Франција и други земји, а вистинскиот сопственик сега би можел да има сериозни проблеми со плаќање на данокот. Покрај тоа што е должен да плати 45 отсто данок за наследство, ќе мора да плаќа данок три години, бидејќи неговите роднини го криеле богатството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top