Се проценува дека рускиот претседател Владимир Путин е еден од најбогатите државници и еден од најбогатите луѓе воопшто на светот чие што богатство изнесува околу 40 милијарди долари.
Рускиот претседател Владимир Путин веројатно е еден од најбогатите луѓе на светот, оценува новинарот на „Гардијан“, Лук Хардинг и автор на книгата „Тајни средби, валкани пари и како Русија му помогна на Доналд Трамп да победи“.
Тој вели дека Путин и неговите пари се табу тема во Русија, а уште во 2007-ма година открил дека рускиот претседател поседува богатство од вртоглави 40 милијарди долари, пренесува “Business Insider”.
-Русија е најголемиот светски производител на нафта и луѓето кои што се во самиот врв на власта во руската држава се мултимилијардери, а Путин е на врвот на таа пирамида, иако официјално неговата плата е 100 илјади долари годишно – тврди Лук Хардинг.
Како што вели тој, целата руска елита знае дека Владимир Путин е „далеку најбогатиот човек во градот“, но и дека убавината во системот е во тоа што „официјално ништо не му припаѓа на Путин, а целото богатство го чуваат неговите соработници“, од кои што некои од нив се наоѓаат под санкции.
Како што пренесува “Business Insider”, Владимир Путин наводно контролирал 37% од нафтената компанија „Сургутњефтгаз“ и 4,5% од „Гаспром“. Според некои извори, неговото богатство во 2012-та година се искачило и до 70 милијарди долари.
Неодамна во Русија беше спроведено големо истражување од страна на рускиот весник „Новаја Газета“ и организацијата „Проект за истражување на организиран криминал и корупција“, во кое што беше откриено дека најблискиот круг на пријатели на Владимир Путин поседуваат приближно 24 милијарди долари, а за тоа како се заработени тие пари – „нема логичо објаснување“.
„Богаството на тие „посредници“ можеби може да се објасни со наједноставното решение: Тоа се пари на Путин. Но, во Русија не е ништо едноставно“, стои во истражувањето.
Истражувањето открило дека братучедот на Путин, Михаил Шеломов кој што работел во шпедитерска компанија, имал годишни примања од околу 8,500 долари, но сепак тој имал неверојатно богатство од 573 милиони долари. Исто така, се споменува и името на пријателот од детството на Путин, Пјотор Колбин, кој иако бил месар, сепак имал богатство од 550 милиони долари.
Според истрагата на „Новаја Газета“ и „Проект за истражување на организиран криминал и корупција“, токму Колбин се наоѓал на листата со санкции на Европската унија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.