На градскиот плоштад „Македонија“ од 16 јуни до 25 јуни ќе бидат поставени три сцени каде што ќе се одвива програмата на годинашното издание на фестивалот „Баскерфест“, секојдневно од 19.00 до 23.00 часот.
Македонија во 2006 година стана прва земја на Балканот со ваков вид фестивал, а оттогаш 12 години по ред шири насмевки низ Скопје и целата држава. И оваа година, фестивалот ќе има уникатен концепт и десет дена исполнети со мултикултурни настани и атракции под отворено небо,кои навечер центарот на Скопје ќе го претворат во „Street Art“ локација со забава за сите генерации.
Ќе има и детско катче за најмалите, каде што децата ќе може да се вклучат во различни забавни активности секојдневно од 18.30 до 20.00, а музичката програма пак ќе биде секој ден од 22.00 до 01.00. Во склоп на „Баскерфест“ ќе има и пивска градина каде што посетителите ќе може да се освежат во топлите летни денови.
За престојниот „Баскерфест“ се најавени многу интересни артисти од целиот свет меѓу кои Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.